Вонредни контроли во ресторани, месарници и маркети во Куманово: Уништени 100 килограми месо

 


Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово при спроведените вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

„За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет замрзнати подготвени подготовки од месо (плескавици, ражниќи), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување комплетна документација, изречени се мерки опомена и глоби во висина од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност во зависност од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна“, информираат од АХВ.

Појаснуваат дека со инспекциски надзори во овој град опфатени биле и два големи супермаркета кај кои не биле утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.

18.10.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега