Кипар подготвен да прима дневно по 10.000 странци од Блискиот Исток

Кипар е подготвен дневно да прими до 10.000 странци кои се евакуираат од земјите на Блискиот Исток поради влошувањето на ситуацијата во Сирија, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.

Според него, Кипар е подготвен на ваквиот развој на настаните и е во состојба ефективно да обезбеди сигурен транзит на странски државјани, кои живеат во кризниот регион.

- Подготвени сме дневно да примиме до 10.000 луѓе, истакна Касулидис, нагласувајќи дека услов е евакуираните граѓани да го напуштат островот во рок од 48 часа.

Властите во Никозија веќе имаат такво искуство, кога околу 60.000 Либанци беа евакуирани преку Кипар во летото 2006 година поради воените дејствија меѓу Израел и шиитското движење Хезболах.

30.08.2013 - 11:07

најчитано сега