Марина Туцаковиќ ја отвори душата: Таа рана и болка остануваат за цел живот

Пред деветта годишнина од смртта на постариот син Милош, познатата авторка на голем број музики хитови ја отвори душата и вели дека никогаш нема да се помири со најголемата загуба во животот.

Ниту после девет години од смртта на  постариот син Милош Радуловиќ, познатиот текстописец Марина Туцаковиќ не може да се помири со фактот дека засекогаш го загубила.

Таа открива дека утехата ја наоѓа во другиот син Милан и работата. Меѓутоа, како се наближува годишнината од смртта, на први декември, Марина често ја обзема тага, која понекогаш не може да ја совлада.

-Човек некако се стопува со секојдневието, мислите го влечат на друга страна, но и проблемите кои секој од нас ги има. Едноставно, со тек на времето, отапува. Постојано доживувам превирање на емоциите. Некогаш ми е нормално да одам на гробишта, а некогаш многу ми е тешко. Мајката никогаш не може да се помири со губитокот на детето, таа  рана и болка остануваат за цел живот – вели Марина, која сепак нашла начин по големата животна трагедија да продолжи понатака.

-Утехата, ако така можам да кажам ја пронаоѓам во семејството и работата, но Милош постојано ми е во мислите. Од моментот кога го изгубив детето, веќе не можам искрено ни да се насмеам. Се смеам, ама не од срце-додава таа.

Не се откажала од работата затоа што тоа и помага барем на момент да се окупира со нешто други.

-Нон стоп мислам на него. Но, ми се чини дека моите солзи пресушија уште пред тоа да се случи. Сепак, морам да признаам дека во последно станав плачлива, можеби тоа оди со годините. Не можам да кажам дека плачам секој ден, но непрестајно мислам на Милош. Како се наближува годишнината, имам обичај да се заклучам во соба и да плачам. Тука е неговата фотографијата, цвеќето кое го носиме… Кога некаде патуваме, секогаш велиме: „Доаѓа и Милош со нас“. Секогаш го споменуваме. Да можам да го вратам времето, веројатно би променила многу работи. Пред се, би била построга мајка, истакнува Марина, на која љубовта кон помладиот наследник и дава дополнителна сила во животот.

-Мојот друг син, Милан не ја покажува својата тага, но чувствувам дека го боли. Кога збори за Милош чувствувам во неговиот глас дека му е тешко, заклучува Марија.

 

 

 

 

04.12.2017 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега