Праљак отровот го криел во ќелијата, а на овој начин го сокрил од стражарите - нови детали

Истрагата за целосно утврдување на околностите за самоубиството на хрватскиот генерал Слободан Праљак и понатаму трае. Хашкиот трибунал ќе отвори и нова, независна и своја истрага, изјавил гласноговорник од судот Ненад Голчевски, а притоа и ги демантирал медиумските калкулации дека Праљак починал во судницата.

-Генералот Праљак имал здравствени проблеми, за кои сигурно придонел и стресот на кој бил изложен изминативе денови. Затоа со себе, во ќелијата, веќе долго време имал неколку шишенца со лекови меѓу кои можел да го скрие и отровот. Како и да е, како и од кој го добил треба да се утврди, но засега е јасно дека стражарите не ја проверувале содржината во шишенцата, бидејќи се ближел крајот на Трибуналот, па контролит биле полежерни - изјавил пријате на Праљак за Вечерњи лист.

Инаку како што вчера објави овој хрватски портал, телото на генералот по завршување на обдукцијата, ќе биде пренесено во Загреб каде што, според желбата на покојниот, ќе се одржи приватна и затворена церемонија, на која ќе ѝ претходи кремирање. Потоа, како што е наведено во прошталното писмо од генералот, пепелта ќе се истури во Мирогој.

 

 

 

03.12.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега