Поддршка за членство на Македонија во НАТО на трилатералната средба во Охрид

Денеска во Охрид се одржа трилатерна средба меѓу министрите за одбрана на Македонија и Бугариј, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов. На средбата се разговаше за зажувување на иницијативата од 2004 и 2005 година за Коридорот 8, соработка помеѓу воените специјални сили на трите држави како и поддршка на Македонија за членство во НАТО.

- Со денешната средба повторно се оживеа Кордорот 8 на трилатерално ниво, а кога се разговара се наоѓаат решенија. Ако соработуваме за изградбата на Коридорот за да ја поттикнеме економијата тоа ќе претставува уште една економска соработка, а нашите граѓани да се чувствуваат сигурни и безбедни, нагласи Шекеринска.

Албанскиот заменик министер Кочи уште еднаш ја искажа поддршката на Албанија дека заедно со Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија да стане 30. членка во НАТО.

шекеринска каракачанов Министерот Каракачанов истакна дека Коридорот 8  е проект кој ќе го поврзе Црното со Јадранското море, кое поврзување е во економски интерес за трите држави, а тоа, според него, ќе претставува нови инвестиции кои се неопходни на државите.

- Соработката во одбраната има цел да покаже дека Македонија која не е членка во НАТО, а Албанија и Бугарија се, да се докаже дека е добро вашата држава да биде 30. член на Алијансата, истакна Каракачанов.

Соработката на трите држави, според бугарскиот министер, не е интерес само на трите држави туку дека кон овој процес треба да биде вклучено  Косово, при што ќе се пружи шанса сите економски да се развиваат, да имаат просперитет, сигурност и мир.

 

 

 

01.12.2017 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега