Дождот ги зголеми водостоите на реките - Дојранско три пати над просекот

Водостоите на дел од реките во Македонија се зголемени и го надминаа ноемврискиот просек по обилните врнежи дожд кои ја зафатија државата.

Денешните мерења на УХРМ покажуваат дека повисоки се нивоата на Вардар кај Велес, Демир Капија и кај Зајчев Рид во Скопје, како и на реката Брегалница кај Берово. На исто ниво како просекот за ноември е водостојот на Црна Река кај Новаци.

Се уште под ноемврискиот просек се реката Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Од езерата речиси три пати е зголемено нивото на Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се во рамки на просекот. 

 

 

 

17.11.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега