Еве за што ќе се расправа денеска во Собранието
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за образование, наука и спорт, за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет иЗаконодавно-правната комисија.
Членовите на Комисија за образование, наука и спорт ќе расправаат по предложените измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и на Законот за учебници во основно и средно образование, како и за Предлог-законoт за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, сите по скратена постапка.
Предлог-законот за изменување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка, е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во скратена постапка.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на агендата го имаат Предлог-законот за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација-втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правна комисија се повеќе предлог-закони по скратена постапка, како Законот за Бирото за развој на образованието, за студентскиот стандард, за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за трговските друштва и Предлог-законот за задолжување на М - НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација - втора фаза без државна гаранција.