Драма во Скопје: Не застанале на даден полициски знак, подоцна физички нападнале полицајци
Денеска во 03.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(28) , кој инаку и претходно бил баран по судска наредба и А.П.(27) двајцата од Скопје, поради тоа што околу 03.30 часот во поранешна фабрика на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, движејќи се со патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, не застанале на даден полициски знак, при што по преземени мерки истите биле пронајдени и физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
28.12.2024 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа