Путин потпиша нов закон: 15 години затвор за помагање на руските противници

 


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон во кој се вели дека странските државјани можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници.

Законот предвидува кривична одговорност и затворска казна од 10 до 15 години за сите странски државјани и лица без државјанство кои ќе пружат финансиска, материјално-техничка, консултативна или каква било друга помош на противник на територијата на Русија, пренесе „Спутник“.

Тоа се активности кои очигледно се насочени против безбедноста на Русија.

Покрај затворската казна, предвидена е и парична казна до 500.000 рубљи или висината на платата или другите приходи на осудениот за период до три години.

Според законот, едно лице може да биде ослободено од одговорност ако навремено придонесело да се спречи оштетување на интересите на Русија.

Законот предвидува и затворска казна до осум години за соработка на странски државјани со претставници на други земји во активности против безбедноста на Русија.

28.12.2024 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега