Македонската полиција работи и во недела: Тошковски излезе на терен - одблиску се запозна со текот на акцијата

 


Македонската полиција работи и во недела.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во ЕВР Ѓорче Петров, каде одблиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

 

„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава“, истакна Тошковски.

29.12.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега