ВЛЕН: Започнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија
Со особена гордост, Коалицијата ВЛЕН го објавува отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја, соопштија од ВЛЕН.
„Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам и целосна транспарентност го вратија на вистинскиот пат проектот што со години беше запоставен.
Оваа витална интерконекција ќе ја позиционира Северна Македонија како клучен енергетски центар во регионот, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето и ќе создаде нови можности за развој на капацитети за обновлива енергија.
ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива посветеност на одржливиот развој, институционалната транспарентност и зајакнувањето на стратешката улога на нашата држава во регионот и пошироко“, стои во соопштението од ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа