Одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за град Велес
Конфигурацијата и местоположбата на Велес се такви што при секој пороен дожд атмосферските води претставуваат проблем со нормалното движење на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Велес, Славчо Чадиев.
-Затоа мене како градоначалник еден од главните приоритети ќе ми биде реализацијата на проектот: Започнување на постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за град Велес. Ова практично значи дека ќе се реши проблемот со атмосферските води. За нив ќе изградиме посебен систем. Атмосферската вода ќе оди во посебен одводен систем кој ќе има капацитет да прими доволни количини, наместо тие да се разлеваат по улиците. Во текот на 2017 година, Општина Велес доби грант во висина од 1,5 милиони евра преку ИПА инструментот за претпристапна помош. Финасиските срадства од грантот ќе се искористат за подготовка на комплетна техничка документација за издвојување на фекалната канализација од атмосферските води и изградба на пречистителна станица за отпадни води за град Велес. Затоа, како град многу е значаен и еколошкиот аспект. Со изградба на пречистителна станица ќе придонесеме во реката Вардар да се вливаа чиста вода од градската фекална канализација. Договорот за изработка на оваа документација е веќе потпишан и постапката е отпочната, истакна Чадиев.
Тој објасни дека откако ќе се изработи проектната документација ќе бидат познати и техничките решенија за реализација на проектот. Обелодени и дека за проектот Започнување на постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за град Велес, веќе се одобрени средства.
– Во текот на 2017 година на општина Велес и беше одобрен грант во висина од 1.500.000 евра преку ИПА инструментот за претпристапна помош за подготовка на техничка документација за одвојување на фекалната канализација од атмосферската и изгрдба на прочистителна станица за отпадни води за град Велес. Договорот за изработка на документацијата е веќе склучен и со тоа официјално е започната постапката за овој голем инфраструктурен проект кој е од огромно значење за граѓаните на Велес. По изработката на проектната документација од која ќе произлезат техничките решенија за реализација на овој проект ќе се започне постапка за изнаоѓање на начини за финансирање на овој голем проект за кој се проценува дека за неговата изградба ќе бидат потребни повеќе од 10.000.000 евра. Овој многу значаен проект ќе се реализира во 2018 и 2019 година, најави Чадиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа