Снема вода во Ѓорче Петров, истото се случува и во Карпош

 

Граѓаните од Ѓорче Петров се жалат дека почнуваат да снемуваат вода. Вакви дојави од граѓаните стигнаа и од граѓани кои живеат во Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација, велат дека вентилите не биле затворени и дека немаат информација зошто овие граѓани немаат вода. 

Согласно последното соопштение на надлежните, дури утре, а не како што беше најавено ќе се започне со активностите за затворање на вентилите, санација, па повторно отворање на вентилите. Најавија дека санацијата на четирите дефекти при главната цевководна мрежа нема да траат повеќе од 15 часа. 

20.12.2024 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега