Заткоски: Програмата која ја нудиме е реална, со конкретни проекти, начин и извор на финансирање

 

Како актуелен Градоначалник на Општина Кривогаштани одговорноста е голема, но мотивот за работа во иднина уште посилен. Мисијата и визијата за Кривогаштани веќе ја имам, но ЗАЕДНО ќе продолжиме да ги реализираме и остваруваме нашите проекти за вистински современ лик на Општина Кривогаштани. Со работа, дела, реализација, отчетност, гордо и достоинствено влегуваме во новата ера.

Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на општина Кривогаштани од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Заткоски, додавајќи дека неговата програма ќе биде резултат на заедничка соработка со граѓаните, а програмите и решенијата кои се нивна потреба, ќе бидат обврска на локалната самоуправа за остварување.

– Добивајќи ја вашата поддршка за градоначалник на локалните избори кои што следат Ве уверувам дека приоритетните проекти ќе бидат реално остварени. Дозволете да Ви претставам дел од нив кои што имаат круцијално значење во иднината на нашата општина: Еден од поголемите и клучни проекти за нашата општина е изградба на доводен цевовод од приклучната шахта на регионалниот водовод Студенчица кај с. Бело Поле до бунарско поле с. Славеј. Друг проект кој што е битен за нашата општина е реконструкција на доводен цевовод од бунарското поле с. Славеј до населеното место Кривогаштани со што постоечките ПВЦ цевки ќе бидат заменети со полиетиленски цевки во должина од 5 километри. Изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во населеното место Воѓани која ќе се поврзе на поставената главна водоводна цевка, истакна Заткоски.

Потенцира дека четврт проект по значење за општина Кривогаштани е изработка на техничка документација и изградба на бунар во село Славеј.

-Петти проект кој што е битен исто така е изградба и реконструкција на улици во населеното место Пашино Рувци. Шести проект по значение исто за населеното место Пашино Рувци е доградба на младински дом. Изградба на канализациона мрежа во с. Бела Црква и с. Воѓани, кои што се од круцијално значење за овие населени места. Изградба на канализациона мрежа во населеното место Обршани со решение за третманот на отпадните води. Доградба на канализациона мрежа во с. Крушеани, ќе биде деветтиот позначаен проект за нашата општина. Изградба на канализационен систем во населеното место Врбјани, посочи Затковски.

Нагласи дека од аспект на економијата важно е проширување на веќе постоечката индустриска зона во населеното место Славеј на потег од нови 7 хектари, при што ќе бидат оформени парцели на кои ќе бидат изградени нови индустриски капацитети кои ќе генерираат нови вработувања.

-Промена на покривната конструкција и изградба на енергетски ефикасна фасада на училишната зграда во населеното место Бела Црква. Изградба на спортска сала во ЦООУ „Јонче Смугрески„ во населеното место Обршани. Отворањето на Центар за ран детски развој населеното место Бела Црква, ова веќе ќе биде трет од овој тип кој биде означение за младата популација во нашата општина. Изградба на улица населеното место Боротино. И многу, многу други проекти кои што ќе ви бидат презентирани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и од мене лично како кандидат за градоначалник на Општина Кривогаштани, посочи Затковски.

Вели дека програмата која ја нудат е реална со конкретни проекти, начин и извор на финансирање, што значи дека точно знаат секој проект како ќе го реализираат.

-Верувам дека само заедно со ваша поддршка и мојот тим можеме да чекориме напред во градење на подобра, и попросперитетна и општина. Заедно да работиме за успехот на Општината Кривогаштани затоа што работата носи подобро. Затоа велиме: секогаш работа, секогаш Општина Кривогаштани, секогаш Македонија, потенцира Заткоски.

 
 

 

 

28.09.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега