Илиоски: Три нови кружни текови и велосипедски патеки за побезбедно движење во Битола

 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски , истакна дека во својата програма предвидува неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на емисијата на штетни издувни гасови од моторните возила.

-Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици. Ќе изградиме три нови кружни текови на крстосницата кај Техничкиот факултет, кај Клиничката болница и кај Ветеринарната станица. Ќе направиме велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и булевар „Први Мај“. Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи, истакна Илиоски.

Тој потенцира дека се што ќе прави, ќе прави отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со Битолчани.

 

 
 

 

 

28.09.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега