Коловозите влажни - АМСМ со важна вест

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците, како што соопшти, можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево,

Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е намален, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. мч/07:32

 

 

 

 

25.09.2017 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега