Викендот под удар на лошо време: Дожд, грмежи, силен ветер и голем пад на температурите

 


Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето.

-Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали - утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени, соопшти УХМР.

Промената на времето ќе почне вечер од запад каде што облачноста постепено ќе се зголемува. И во Скопје облачноста ќе се зголеми во текот на ноќта.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

-Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, најавува УХМР.

28.09.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега