Ристовски: Со пиштол вперен во глава полицијата го претресуваше кандидатот за градоначалник на Кавадарци

Со пиштол вперен во главата полицијата вршела претрес врз кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Митко Јанчев, обвини шефот на републичкиот изборен штаб на партијата, Спиро Ристовски.

Според него, полицијата во обид да го заплаши без никаква причина му вперила пиштол во главата и пред голем број очевидци го соборила на земја во моментот кога тој со својот автомобил влегувал во Скопје за да дојде на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку Јанчев е угледен бизнисмен и сопственик на фабриката Кожувчанка.

Ристовски за Сител рече дека нема да и успее на СДСМ на овој начин да ги исшлаши граѓаните. Тој обвини и дека полицијата ги запирала и автобусите се симпатизери на опозицијата за да не стигнат на конвенцијата во Скопје.

 

 

 

22.09.2017 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега