Енигмата наречена Питер Хандке во кината низ Македонија

Документарниот филм "Питер Хандке"(2016 година), во режија на КоринБелц, го истражува животот и делото на австрискиот писател Питер Хандке во светлината на модерна литература – од млад човек од австриско село кој се пробил на книжевната сцена до неговиот сегашен живот во предградието на Париз.

Преку интервјуа, изјави и архивски снимки, КоринаБелц го прикажува животот и мислата на овој познат уметник. Таа успева да создаде емпатичен и инспиративен филм за перцепцијата на реалноста и на начинот на кој таа се претвора во уметничко дело, поставувајќи прашања за тоа како треба да се живее животот.

Овој документарен филм портрет беше снимен во период од повеќе од три години, а ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Локарно во август 2016 година. Сценариото за филмот е исто така потпишано од КоринаБелц, а во филмот се појавуваат Питер Хандке, Амина Хандке и ЛеокадијаХандке.

КоринаБелц е авторка на многу документарни филмови, сценаристка и авторка на детски книги со потекло од Германија. Таа се прослави со документарниот филм "GerhardRichterPainting " (2011), кој ја доби Германската филмска награда веќе наредната 2012 година.

 

Домашната публика има можност да го погледне филмот "ПетерХандке" во кината низ Македонија.

 

 

 

22.09.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега