Празник на родителите на Пресвета Богородица: Денеска е голем ден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември.
Денеска е Св. Јоаким и Ана.
Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.
Празник на родителите на Пресвета Богородица
Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника…
Свети Јоаким и Ана се родителите на пресвета Богородица. Јоаким бил потомок на цар Давид. Со сопругата Ана долго немале пород. Се молеле на Бога да им даде рожба и на поодминати години Господ им дал женско дете што го крстиле Марија што значи измолена со солзи. Празникот на Свети Јован и Ана се празнува еден ден по Мала Богородица (Раѓањето на Пресвета Богородица) на 22/9 септември. Светата црква уште ги одбележува и Зачетието на Ана 22 /9 декември и Успението на Св. Ана (Смртта на Ана) на 7. VIII/25 VII.
Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа