Викенд временска прогноза - надвор како да е зима, доаѓа влажен бран

Времето во Македонија ќе биде променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од седум до два, а дневната 10 до 23 степени. Во Скопје слично време, променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нов влажен бран се очекува во понеделник. 

 

 

 

22.09.2017 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега