Вечерва невреме, еве што не чека утре

Вечерва се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во ноќните часови ќе има делумно намалување на облачноста и на брзината на ветерот.

Времето утре променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура од 2 до 12, а максималната од 14 до 23 степени. УВ=5

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура 7, а максималната до 20 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

 

 

 

21.09.2017 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега