Невреме вечерва доаѓа кон Македонија: УХМР со нова најава за временските прилики

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 3 Прилеп, 2 Пожаране, Тополчани, 1 Маврово, >0 Охрид, Тетово, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд, а вo планинските подрачја и со ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен, а на места и засилен ветер претежно од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во ноќните часови ќе има делумно намалување на облачноста и на брзината на ветерот.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура од 2 до 12, а максималната од 14 до 23 степени. УВ=5

СКОПЈЕ: Променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура 7, а максималната до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

 

 

 

21.09.2017 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега