Охридскиот чинар ќе стане споменик на природата и туристичка атракција

Чинарот во Охрид стар 11 века ќе биде прогласен за споменик на природата. Предлог-одлуката беше прифатена од Советот на Општина Охрид без расправа, врз основа на елаборатот за заштита на дрвото изготвен од Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“.

Одлуката на Советот на град Охрид е испратена и до Министерството за животна средина, кои со акт треба да го направат прогласувањето на споменик на природата. 

Чинарот, како и некои други дрвја во Охрид, се прогласени за природно наследство, според закон од 1973 година и треба да се стават во законска рамка според постоечкиот Закон за заштита на природата. 

 

 

 

17.09.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега