Алексовски и Мицевски во трката за градоначалник на Крива Паланка

Синоќа на полноќ истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори.

Политичките партии и независните кандидати ги поднесоа кандидатурите за градоначалници и советнички листи.

До Општинската изборна комисија во Крива Паланка беа доставени две кандидатури за градоначалник и три кандидатски листи за советници за претстојните локални избори.

Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија за локалните збори 2017 во Крива Паланка за свој кандидат го избраа Борјанчо Мицевски, актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со Арсенчо Алексовски, актуелениот градоначалник на Крива Паланка, кој ќе влезе во трка за трет мандат градоначалнички мандат, Арсенчо Алексовски.

По доставување на документите, сега Општинските изборни комисии (ОИК) во рок од 48 часа треба да ги утврдат кандидатурите и да ги одобрат, ако има пропусти треба да ги вратат на докомплетирање, а поднесувачите на листите ќе имаат 48 часа да ги отстранат неправилностите. 

 

 

 

 

15.09.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега