Утре сите надвор - ова се температурите за викендов

Викендов што е пред нас ќе изобилува со топло време некарактеристично за овој период од годината.

Втората половина на септември ни носи топол воздушен бран со температури чии вредности ќе достигнат од 32°С и 35°С долж течението на Вардар а низ останатите котлини помеѓу 30°С и 33°С.

 

Вториот ден од викендот, неделата за два степени ќе биде потопла во однос на сабота но и ќе има повеќе ветер.

Метеоролозите најавуваат опаѓање на температурите во средината на следната недела.

 

Тогаш според најавите максималната температура ќе биде повиска во однос на онаа во недела за околу 12°С до 15°С.

Претежно сончево време ни носи и наредната недела а повремен дожд е можен во  втората половина.

 

 

 

15.09.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега