Национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица
Македонската платформа против сиромаштијата денеска ја организира шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица насловена „Работа, колку да не е без ич“.
Оваа година конференцијата е посветена на вработените, а сиромашни граѓани. Фокусот на дискусијата ќе биде да се надмине и прошири традиционално прифатениот концепт дека сиромашни се само оние кои немаат работа и оние кои имаат ниски плати. Освен за нив, ќе стане збор и за лицата кои работат, но не се пријавени (сива економија), несигурните вработување (со договори на краток рок, сезонски или хонорарен ангажман) и оние кои се единствените вработени во побројни семејства. Ќе бидат опфатени и работничките права, но и безбедноста и сигурноста на работните места.
Целта на овие конференции е да овозможат да се слушне гласот на лицата кои живеат во сиромаштија или се социјално исклучени и им даваат можност своите проблеми и потреби лично да ги презентираат пред владини и невладини преставници. Преку ваквиот начин на работа се промовира активно учество и вклучување на овие лица во демократска дебата која треба да даде решенија за поквалитетен живот на сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа