Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.

По повод 20-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за демократија на Интерпарламентарната унија и 10-годишнината од прогласувањето на Меѓунардниот ден на демократијата, свое обраќање ќе имаат претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот претседател на Собранието на РМ Стојан Андов и Ѓулистана Марковска пратеничка од првиот парламентарен состав.

 

 

 

15.09.2017 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега