Четири лица повредени во сообраќајќи во Скопје
Во изминатото деноноќие во Скопје се евидентирани 12 сообраќајни несреќи во кои полесно се повредени четири лица.
Сообраќајната полиција санкционирала 22 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, шест кои поминале на црвено светло на семафорот, шест ги управувале своите возила без возачка дозвола, а 39 непрописно ги паркирале своите возила.
Санкционирани се и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило, отстранети се 57 непрписно паркирани возилa.
25.08.2017 - 09:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа