Дрвокрадец сакајќи да побегне, прегази полицаец во велешко

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 43- годишен Н.А од село Бузалково за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста„ и “предизвикување општа опасност“.

Во врска со настан од 11.08.2017 година, во село Оризари, кога полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по ОА „Гора“ се обиделе да сопрат товарно моторно возило, управувано од пријавениот кој превезувал дрва, но тој не застанал и со возилото удрил во еден од полициските службеници, нанесувајќи му телесни повреди.

 

 

 

 

14.08.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега