Позната здравствената состојба на момчето кое беше застрелано од полицаец

Здравствената состојба на момчето кое беше тешко повредено од полициски службеник и хоспитализирано на КАРИЛ, се подобрува. Од Обвинителството соопштуваат дека момчето и натаму се наоѓа на скопските клиники, но е стабилен и свесен и во моментов не се наоѓа во животозагрозувачка состојба.​

Во врска со целиот случај, од ОЈО информираат дека надлежен обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против полицискиот службеник кој повреди двајца малолетници со истрел од службен пиштол. Полицаецот е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство од член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик.

-За целосно расветлување на настанот, јавниот обвинител ги очекува резултатите од наредените вештачења на траги и материјални докази пронајдени на лице место, балистичките вешачења и анализите на трагите од барутни честички. Од сите инволвирани веднаш по инцидентот беа земени за анализа и примероци од крв и урина, како и парафински ракавици. Со оглед на тоа што веќе се сослушани сведоците и се прибрани материјалните докази во постапката, за осомничениот се предложени серија мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за вршење на определени работни активности, информираат од Обвинителството.

 

 

 

 

14.08.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега