Пијан скопјанец го искршил автомобилот на соседот, па со ножици напднал жена

Вчера, четириесет минути пред полноќ во Скопје, 48-годишната К.Ј.додека со нејзиниот брат се враќала во дворот на семејната куќа, слушнале кршење на стакло и забележала како нивниот сосед, 60-годишниот  Н.С. вршел оштетување на патничко моторно возило "Шкода Фабиа" со скопски регистарски ознаки, сопственост на 52-годишниот З.К.. Тогаш Н.С. во видно алкохолизирана состојба почнал да се заканува по животот на К.Ј. при што држејќи ножици во рака се доближил до неа, но бил спречен во намерата да ја нападне од страна на друг сосед.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.08.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега