Маж на српски јазик пријавил бомба во банка во Капиштец

Вчера во 09 часот и 35 минути вработен во банка лоцирана на улица "Народен фронт" пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало "Излезете надвор има нешто околу банката", а потоа додало "Тоа е бомба".

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена екслозивна направа.

Се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.

 

 

 

12.08.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега