Димовски: Собранието да работи согласно Деловникот

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денес од Собранието повика на совест за ситуацијата во законодавниот дом, велејќи дека ним се поочигледно им станува дека има тенденција на воведување на Собранието во некаков нов инцидент.

-Тоа се случи пред два дена кога последен пат имавме седница, тоа на некој начин се случи и денес со провокациите кој што беа присутни внатре во салата и од страна на господинот Џафери и од страна на други пратеници на кои што господинот Џафери воопшто не реагираше и би сакал да го искористам вашето присуство да апелирам повторно по незнам кој пат да се доведе под ред работата на Собранието во смисла на почитување на Деловник, почитување на Закон и почитување на Устав, вели Димовски на денешната прес-конференција.

Димовски вели дек аона што е право на пратениците треба да е право на пратениците, она што е обврска на пратениците треба да е обврска на пратениците.

-Ако во овој дом не може да се зборува слободно во најголем степен онака како што дозволува Деловникот, незнам каде каде би можело надвор од Собранието. Во исто време ако овдека, во овој дом не се почитуваа законите незнам како ние ќе бараме од граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат другите закони. Затоа апелирам до господинот Џафери да си ја спушти својата нервоза која што се поочигледно присутна, го разбираме средина на август е, можеби имал поинакви планови за овој месец, доведена е ситуација да работи секојдневно но обврската на сите нас е да бидеме и прибрани и пристојни и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на било какви инциденти и провокации во Собранието, посочува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски уште еднаш упати апел до Џафери и до претставниците на мнозинството.

 

 

 

 

11.08.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега