Грабеж во Прилеп - украден пиштол, пари и злато

Вчера во времето од 03 часот и 30 минути  до 06 часот и 30 минути,  во Прилеп на улица “Војводинска“, непознато лице насилно ја скршило влезната врата од куќата на 58- годишниот З.С и извршило кражба, одземајќи 6.100 денари, златен накит и пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62  кој З.С. го поседувал со дозвола.

Извршен е увид на местото на настанот, а причинета материјална штета е проценета на околу 30.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

11.08.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега