Во Грција горат 54 пожари

Грчките пожарникари денеска гаснат вкупно 54 пожари во различни делови на земјата, каде високите температури и умерените ветрови ги разгоруваат речиси сите потенцијални жаришта.

Како што јави дописникот на МИА, според противпожарните служби, ниту еден од пожарите не претставува закана за населени места, а до моментов за гаснење на пожарите не биле употребени ниту авиони „канадери“.

Во меѓувреме, Грција испрати два „канадери“ како помош за албанската Влада во борбата против пожарот што беснее во планинска област во близина на селата каде живее грчко малцинство.

Двата противпожарни авиони пристигнале денеска претпладне и гаснеле во двата најопасни фронтови во областите меѓу селата Вулиарати и Дровиани.

 

 

 

11.08.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега