Владата го усвои Законот за употреба на јазиците
Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вчерашната владина седница.
Во законот ги нема двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност. За нив ќе решава венецијанската комисија и доколку добијат зелено светло, во понатамошната фаза ќе бидат вградени. Сепак, во општините каде што Aлбанците се над 20% униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик.
И покрај несогласувањата на релација СДСМ - ДУИ, решението ќе биде пуштено цело на венецијанската комисија.
Владата се обврзала да ги почитува нејзините препораки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа