Емотивен и поресен говор од соучениците на 13- годишниот Лука кој се удави на Јадранот: „Засекогаш ќе бидеш во нашите срца„

13- годишнот Лука Милинковиќ, се удави како последица на мозочен удар додека нуркал во море на Брач првиот ден од летувањето, погребан е вчера на гробиштата во Пероварадин.

Лука го испратија членовите на семејството, пријателите и другарите од училиште, кои беа облечени во бели маички на кои од предната страна пишуваше: „Со ангели на небото, со нас во срцето“, а на грбот „Лука“.

 Неговите другари донесоа бели ружи. Лука е погребан во бел ковчег кој беше прекриен со бели цвеќе. Неговите родители, мајката Јелена Вукобрат и таткото Маркос Милинковиќ, славниот аргентински одбојкар, не се одвојуваа од ковчегот до последниот миг. Кога гробарите го спуштаа ковчегот во гробницата, тие двајцата на колена покрај гробот клечеа прегрнати, липајќи и леејќи солзи.

-Тагата не може да биде поголема. Има ли нешто потешко од тоа да го погребеш своето дете. Родителите се скршени од болка. Едвај стојат, под лекови се. Ќеркичката не ја донесоа, а не знам дали и кажаа дека и го нема братот. Малиот Лука беше дете за пример, се прифаќаше со голема одговорност, и училиштето и спортот, рече еден од пријателите на Маркос.

Другарите на Лука од ОУ „Васа Стајиќ“ со своите наставници носеа по една бела ружа која ја спуштаа во гробот покрај сандакот.

-Шест години заедно поминавме во исто одделение. Беше другар каков само можевме да посакаме. Секогаш беше тука за нас, кога нешто ни требаше, и во добро и во зло. Никој од нас не верува дека нема за месец дена пак да ни се придружив во седмо одделение. Твоето место во клупата ќе остане празно, но ти ќе бидеш тука во нашите срца. Знаеме дека најголем сон ти беше да станеш одбојкар, како твојот татко, но за жал, судбината не ти дозволи да си го оствариш сонот. Секогаш ќе бидеш во нашите срца. Твојот VI/4 - се прости од Лука во името на другарите од одделението едно од децата, кој липаше додека го читаше говорот.

На последното испраќање на малиот Лука дојдоа и колегите спортисти на неговиот тато Макос. Меќу нив беа и одбојкарите Слободан Бошкан, Вања и Никола Грбиќ, Васа Мијиќ, Андрија Гериќ и многу други.

 

 

 

04.08.2017 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега