Српската листа ќе гласа за избор на Весели за претседател на косовското Собрание

 

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, пред почетокот на денешната конститутивна седница на косовското Собрание, изјави дека пратениците од оваа партија ќе го поддржат изборот на Кадри Весели за претседател на Парламентот.

Тој, како што јави дописникот на МИА, посочи дека пратениците на Српската листа денеска ќе гласаат за изборот на лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Весели за спикер на Парламентот, но оти се уште не одлучиле дали ќе учествуваат во владата.

- Ќе го гласаме претседателот на Парламент, но за учество во Влада ќе дискутираме потоа, за да ги видиме интересите на Србите, изјави Ракиќ.

Конститувната седница, која беше закажана за 10 часот, почна со задоцнување од речиси еден час, по што веднаш беше прекината и беше дадена пауза. Во салата не беа пратениците од коалицијата ПАН, што ја сочинуваат Демократска партија на Косово (ПДК), Алијанса за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово, кои со подршката на српските пратеници има 59 од потребните 61 глас за мнозинство.

Дел од медумите наведуваат дека ПАН е во последен обид во потрага по уште два гласа, поради што нејзините пратеници и не дошле на седницата, на која не беше присутна и најмладата пратенчка Теута Ругова од Демократскот сојуз на Косово (ЛДК), иако требаше да претседава со заседанието заедно со највозрасниот пратеник.  

 

 

 

 

03.08.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега