Физички нападнат полицаец во Тетово- со тупаници го удирал во градите

Утрово околу 02 часот 10 минути на улица  „Благоја Тоска“ во Тетово, тројца полициски службеници од полициската станица во  Тетово физички биле нападнати од лицата 26- годишен М.М. и 28- годишен И.А., двајцата од Тетово, кои биле познати како извршители на повеќе кривични дела.

Полициските службеници, кога ги забележале лицата, се легитимирале и побарале и тие да го направат истото и да ги извадат предметите од нивните џебови.

Притоа, М.М. почнал да вика, се доближил до едниот полициски службеник и физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на градите. Откако регирале и другите двајца полициски службеници, лицата биле совладани и приведени во ПС Тетово за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

30.07.2017 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега