ФОТО: Студен бран - падна првиот снег на Балканот

Студен бран, кој би требало да донесе поголемо освежување, веќе поминал низ Словенија, по што под Триглав веќе паднал снег

На местото Кредарица под Триглав, чија надморска висина е 2.844 метри, температурата паднала на еден степен, а паднал и снег, додека во другите делови на Словенија температурите паднале на околу 15 степени. 

Студениот бран од Словенија минатата ноќ пристигнал и во Хрватска, најпрво во западниот дел на земјата. 

Продорот на студената воздушна маса предизвика намалување на температурите во внатрешноста на Хрватска, северниот и централниот дел на Јадранот. Во 11 часот на западното крајбрежје на Истра се измерени 18, а во дел од централна Далмација 31 степен.

 

 

20.08.2013 - 13:01

најчитано сега