Страшни фотографии од кобната сообраќајка на патот Штип- Велес (ФОТО)
Еден маж и две жени го загубија животот, а дете е повредено во тешка сообраќајка која вечерва се случила на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано „Црна Точка“.
Според информации на полицијата во кумановскиот Голф имало четири лица, еден маж, две жени и дете.
По несреќата на лице место животот го загубиле мажот и едната жена, додека втората починала во велешката болница.
Детето кое било во возилото со повреди е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, но нема детали за неговата здравствена состојба.
02.07.2017 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа