Eксплозија во ресторан во Софија - 11 лица се повредени

Експлозија одекна во кинески ресторан во центарот на Софија. При инцидентот повредени се 11 луѓе од кои еден човек потешко, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Експлозијата се случила синоќа околу 19 часот по локално време. Најверојатно до експлозијата дошло поради истекување гас од неисправна плинска боца, по што експлодирале неколку плински боци.

Од експлозијата оштетени се и два автомобила паркирани во близина на ресторанот. 

19.08.2013 - 09:42
Фото: 
Таратур