Најмалку 3 лица загинаа во тропска бура

Жена и две деца загинаа во тропската бура Беатрис што го погоди јужниот дел на Мексико, а по едно лице се уште се трага.

Бурата Беатрис во мексиканата држава Оахака донесе обилен дожд и ветер со брзина од 70 километри на час.

Локалните власти соопштија дека момче (10), девојче (14) и девојка (25) загинале кога се урнала куќата над нив. Се трага по уште едно лице, кое е пријавено за исчезнато.

Поради бурата откажана е наставата во 13.000 у,чилишта во мексиканата држава Оахака.

 

 

 

03.06.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега