Тешка сообраќајка кај Блаце, камионот ги влечел 100 метри- две лица загинати

Во сообраќајна несреќа која еден час по полноќ се случила во центарот на Блаце две лица загинаа. Станува збор за возач и совозач на патнички автомобил на кој налетал камион со регистарски таблички на Сјеница.

Несреќата се случила кога товарното возило налетало на патничкото кое излегувало од спореден пат и по сударот, го влечело надвор од патот уште неколку стотина метри, се додека не удрило во објект покрај патот.

Како што е соопштено во полицијата во Прокупље, на самото место настрадал возачот на патничкото возило (21) и совозачот (41), додека на возачот на камионот (23) му е одреден притвор до 48 часа.

 

 

 

20.05.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега