"Тато има ли уште куршуми" - малолетната Кристина се самоуби пред семејството

Голема трагедија го потресе Неготин, во Србија, каде 15-годишната Кристина се самоуби со пиштолот на татка си. 

- "Тато го остави пиштолот на маса. Кристина сакаше да научи да пука, но тато не ѝ дозволуваше. Потоа ме тераше мене да го прашам, па се согласи. Излеговме на ливадата пред нашата куќа. Сестра ми испука куршум во воздух, а потоа го праша тато: "Тато, има уште куршуми?"... Тој ѝ кажа дека има уште еден во цевката. Не знам како се случи тоа. Во секунда падна на земја", вели братот на несреќното девојче.

Кристина неодамна раскинаа со момчето и не можела да се помири со тоа. Иако дома не кажувала многу за тагата, другарките велат дека не можела да се помири и сакала да си го одземе животот.

Таткото и братот на Кристина ќе бидат испрашани на полиграф по повод оваа трагедија. Братот на полицијата ѝ објаснил дека таа самата си пукала во глава, а тој се обидел да ја спречи. 

И покрај напорите на лекарите, Кристина замина во смрт.

 

 

 

17.05.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега