Авионот паднал поради преголем број на патници

Авионот „фуџи 200-160 аеро субару“ кој се урна во Мостар имал потребна документација за летање, но во него не смеело да има пет лица, зошто леталото е регистрирано само за четири лица.

Во падот на авионот кој летал во рамки на „Денови на отворени врати“ на мостарскиот аеродром, во саботата загинаа пилотот - инструктор Иван Карачиќ, Мухамед Сиповиќ (20) и три деца на работници на мостарскиот аеродромм и тоа братот и сестрата Лана (11) и Лука (8) Ловриќ и Арман Хаџиомеровиќ (8).

Причината за падот на авионот се уште се истражува, а како причина се споменува старост на авионот, и срцев удар кај пилотот. Официјално се уште нема никаква потврда за овие теории, а истражителите и во понеделникот цел ден го поминаа на Аеродромот во Мостар и контролната кула, каде е прочешлана целта документација.

Во Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ е потврдено дека спорниот авион, стар 46 години, на 3 мај му е издадена потврда за проверка на леталото со рок од важење година дена.

-Последниот сервис е направен на 5 април 2017 за што постои документација во Дирекцијата, како и сертиификат на овластен авио-механичар кој потврдува дека е направен сервис, како и тоа дека тој е наменет за 4 лица.

Деловите од срушениот авион, по налог на Обвинителството на БиХ се префрлени во хангари на дополнително вештачење и треба да бидат познати за 30 дена. Оваа трагедија во понеделникот беше тема на сите разговори во Мостар кој е завиен во црно.

Граѓаните со шок и неверување се собраа на Шпанскиот плоштад каде палеа свеќи за загинатите и изразуваа сочуство со семејствата на настраданите. Во знак на почит кон настраданите синоќа беа изгаснати светлата на Стариот мост.

 

 

 

16.05.2017 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега