Украден пиштол од куќа во Битола

Вчера во периодот од 19.00 до 22.40 часот во Битола, на ул. „1-ви Мај“, во куќата сопственост на П.Т. (53), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно отворил еден од прозорците на куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм со два оквири и два куршуми, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.05.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега