Медведев: Американската машина на власта за само 2,5 месеци ги скрши предизборните намери на Трамп
Машината на власта во САД за два и пол месеци успеа да ги разбие предизборните намери на новиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, цитиран од ТАСС.
„Веднаш по изборот (на Трамп) посочив дека се ќе зависи од тоа колку брзо постојната машина на власта ќе ги скрши неговите предизборни намери. За тоа и беа неопходни два и пол месеца“, напиша Медведев на својот профил на Фејсбук.
„Со својата воена акција (во Сирија) администрацијата на претседателот на САД ја докажа и својата несамостојност, својата екстремна зависност од мислењето на (политичката елита) во Вашингтон, која новиот претседател сериозно ја критикуваше во говорот на денот на заклетвата“, забележа рускиот премиер.
Според него американската администрација ги демонстрираше своите намери бескоромпомисно да се бори против законската власт во Сирија место против главниот непријател - терористичката група Исламска држава.
„При тоа, во драстична спротивност со нормите на меѓународното право, без одобрение од ОН, со прекршување на сопствените процедури, кои бараат претходно информирање на Конгресот за воената операција која не е поврзана со напади против САД, и на работ на борбени судири со Русија“, подвлече Медведев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа