12-годишно дете донело пиштол на училиште и прашало во кого прво да пука

Ученик од 6-то одделение, од Нов Белград дошол на училиште, а со себе понел и пиштол, кој го земал од дома. Ученикот, пред другарите се фалел со оружјето, низ смеа прашувајќи ги во кого прво да пука.

Трагедијата, за среќа е спречена, бидејќи ученикот не знаел да го откочи оружјето, а еден од учениците во меѓувреме им пренел на своите родители дека неговото другарче во рацете држи опасно оружје.

Малолетникот, оружјето го земал од својата мајка и против него ќе биде покрената прекршочна пријава.

Директорот на училиштето апелира родителите да водат сметка што нивните деца носат надвор од домот и да ги држат подалеку од работи со кои можат да се повредат себеси и останатите. 

 

 

 

 

16.03.2017 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега